Полувреме: 1:1 е во Струга, Шкендија води, Тиквеш со пресврт до водство

641

Завршија првите полувремиња од шесте средби во последното 33.коло во ПМФЛ. Во Струга во славеничка атмосфера, старо – новиот шампион и Шкупи играат 1:1, Рамани донесе водство за гостите а израмни Шабани.

Шкендија со 0:1 има водство на гости кај Работнички. Интересно е на Маџари каде Вардар со голот на Николовски поведе, но потоа со головите на Даноски и Пурезивскис, Тиквеш направи пресврт за 1:2.

Со истиот резултат води и Македонија ЃП кај Брера, додека Брегалница со 1:0 води против Силекс.

Нема голови само на мечот меѓу Воска и Гостивар.

ПретходноЕлмас ја погоди стативата, Леверкузен со стил ја заврши сезоната, Ројс со мајсторија се прости од Дортмунд!
СледноВерстапен го изедначи рекордот на Сена со осмата по ред пол позиција во Ф1