Работнички ја доби првата пресметка со ТФТ

67

По елиминацијата од финалето, Работнички и ТФТ ќе играат за утешното трето место во македонскиот шампионат кое носи место во АБА2-лига следната сезона. Победник на првата средба е најтрофејниот кошаркарки колектив кој славеше со 85-74.

Избраниците на Горан Самарџиев мечот го добија благодарение на добрата игра во третата четвртина, благодарение на која ја анулираа негативата од полувремето (35-42). Третиот период го добија со 30-15, па во последните десет минути влегоа со позитива од 65-57.

Работнички дојде и до двоцифрена позитива (75-61), која се покажа како доволна за сигурна победа.

Рикиќ со дабл-дабл од 17 поени и 13 скока беше лидер кај домашниот тим, зад него беше Ѓуроски со 16 поени и 6 скока, додека Декоси и Ефремовски имаа по 15 поени. На другата страна Вертц имаше 20 поени.

ПретходноСтруга ТЛ го доби пехарот: Шампиони, шампиони…едноставно најдобри! (ВИДЕО)
СледноАталанта го oсигура местото во Лигата на шампионите