Прекрасен гест на раководството на Болоња. Имено како што јавуваат медиумите во Италија, синот на починатиот Синиша Мхајловиќ, Мирослав ќе биде тренер во клубот и тоа во младинските категории. Познато е дека легендарниот Синиша смртта го затекна како шеф на струката во Болоња, тим кој оваа сезона беше хит во Серија А под водство на Тиаго Мота, поставен на темелите на работата на непрежалениот Синиша.
“Од него научив што значи да се биде човек и маж, секако и кои човечки особини никогаш не треба да се изневерат. Сакам да стигнам до Серија А, тоа му го должам на мојот татко, тоа си го должам и себеси“ истакна Мирослав за својот починат татко.