Лудо во најсилната португалска лига. Мечот меѓу Боависта и Визела траеше до 101 минута и заврши со 2:2. Со ова реми Боависта го осигура опстанокот во елитата.
Мечот имаше луда завршница. „Црно-белите“ имаа негатива од 1:2 во финишот на мечот, а во судиското продолжение беше покажан пенал за нив. Во 90+11 минута, Мигуел Ресињо погоди за лудница на трибините.
Боависта има 32 бода исто колку и Портимоненсе на 16 позиција но поради подобрата гол-разлика шампионот на Португалија од 2001 година го осигура опстанокот. Портимоненсе има уште една шанса да се спаси затоа што ќе игра плеј-оф за опстанок. Лигата ја напуштаат Визела и Чавес.
Um final impróprio para cardíacos! 🤯
Reisinho salva o Boavista no último minuto 🔥#sporttvportugal #LIGAnaSPORTTV #ligaportugalbetclic #boavistafc #fcvizela pic.twitter.com/jMExpfa72k
— sport tv (@sporttvportugal) May 18, 2024