Во Струга ТЛ се е подготвено за славје по повод новата титула во ПМФЛ. Градот Струга е на нозе, попладнево од 17 часот старо – новиот шампион ќе го дочека Шкупи а по завршување на оваа средба клубот ќе биде крунисан во првак на Македонија за сезоната 2023/24.
По тој повод раководството на клубот се одлучи за денешниот настан играчите да носат нови дресови, кои денеска беа промовирани на социјалните мрежи.
Нема што, убаво изгледа новиот дрес.