Екипата на Торино го совлада Милан со 3:1 во меч од 37 коло на Серија А. „Биковите“ лесно и рутински го добија овој дуел, а до 55 минута имаа предност и од 3:0, а „росонерите“ од пенал го постигнаа единствениот гол.
Мрежата на гостите ја „начна“ Дуван Запата во 26 минута, а во 40 минута Иван Илиќ зголеми на 2:0. Само што почна второто полувреме Родригез зголеми на три разлика. Во 55 минута Масина направи прекршок за пенал за Милан, а од белата точка погоди Бенасер.
Инаку Стефано Пиоли одмораше дел од првотимците, а еден од најдобрите играчи Рафаел Леао влезе во второто полувреме и имаше две шанси но и во двете ситуации голманот одбрани.
Торино е на деветтото место со 53 бода еден помалку од седмопласираната Фиорентина која има и меч помалку. Милан е втор на табелата со 74 бода, а го запиша седмиот пораз.