Швјонтек ја освои титулата во Рим

111

Ига Швјонтек ја совлада Арина Сабаленка со 2-0 во сетови (6-2 и 6-3) во финалето на Мастерсот во Рим и го освои вториот трофеј по ред. Двете најдобри тенисерки на светот уште еднаш одиграа финале, пред две недели се соочија во Мадрид, а и тогаш победничка беше Швјонтек.

Сега, Швјонтек се реваншира и ја совлада противничката во помалку од еден ипол час.

Сабаленка го почна турнирот со проблеми во грбот, беше пред откажување, но реши да продолжи да игра и успеа да стигне до финалето.

Швјонтек стигна до 21. Титула во кариерата, а од нив 10 се од ВТА 1000 категоријата, најдобрата во женскиот тенис после Гренд слемовите. Швјонтек е третата тенисерка која ги освоила трофеите во Мадрид и во Рим во иста сезона после Динара Сафина (2009) и Серена Вилијамс (2013).

ПретходноСпарта е шампион на Чешка
СледноАлкалоид „жнее“ титули, и кадетите се шампиони (ФОТО)