Аталанта го oсигура местото во Лигата на шампионите

212

Екипата на Аталанта се враќа во Лигата на шампионите. „Сино-црните“ од Бергамо го победија Лече во гости со 0:2 и го обезбедија билетот за елитното европско клупско натпреварување. Головите ги постигнаа Де Кетеларе и Скамака во второто полувреме.

На две кола до крајот Аталанта е на петтото место на табелата со 66 бодови, шест повеќе од шестопласираната Рома. Дури и да завршат изедначени бодовно, Аталанта ќе остане петтопласирана бидејќи има подобар меѓусебен скор од „волчицата“.

Аталанта има 20 победи, шест ремија и 10 порази сезонава, а до крајот ќе игра уште со Торино и Фиорентина и двата меча на домашен терен. Исто така на 22 мај, Аталанта ќе игра финале во Лига Европа против Баер Леверкузен.

ПретходноРаботнички ја доби првата пресметка со ТФТ
СледноСерафимов погоди во 90 минута и со соиграчите славеше „бронза“, а потоа ВАР му го поништи голот (видео)