Попладне од 17 часот се играат сите шест меча од 33. или последно коло во оваа сезона во ПМФЛ. Има само една непознаница, кој ќе биде втор, Шкендија или Шкупи.
Сепак има и друга непознаница која попладнево ќе се реши. А тоа е кој ќе биде голгетер или најдобар стрелец за изминатата сезона? Во конкуренција се Алекса Марушиќ од Воска Спорт кој има 16 голови, додека тандемот на шампионот, Бесарт Ибраими и Марјан Радески по 15 голови, четврти е Кехинде од Гостивар со 12 погодоци.
Воска Спорт игра дома со Гостивар, додека Струга ТЛ го дочекува Шкупи. Значи Бесарт и Радески имаат добра шанса да го престигнат Црногорецот во дресот на Воска кој секако дека се ќе стори со уште некој гол да ја заврши сезоната како најдобар голгетер во ПМФЛ за сезоната 2023/24.
Што се однесува до Ибраими и Радески, интересно е тоа што тие ќе “бркаат“ голови преку голманот на Шкупи, Артан Иљази кој си има свои сметки.
Имено капитенот на чаирчани за оваа сезона има 19 “чисти“ мрежи и моментално го дели рекордот, и во случај да не прими гол од Струга ТЛ ќе биде со 20 меча на кои не примил гол во една сезона.
И тоа ќе го направи рекордер во историјата на ПМФЛ.
Ете мотив за Бесарт и Радески, ете мотив и за Иљази, кој секако дека посакува победа на Шкупи и пораз на Шкендија од Работнички за да чаирчани завршат на второто место и во последен момент изборат пласман во Европа.