ОФИЦИЈАЛНО: Де Зерби си оди од Брајтон

791

Брајтон на својата веб-страница објави дека Роберто Де Зерби ќе се повлече од менаџерската функција на крајот на сезоната. Неговиот последен меч на клупата на Брајтон ќе биде против Манчестер Јунајтед во Премиер лигата во недела.

„Тажен сум што ќе си одам од Брајтон, но истовремено горд од тоа што моите фудбалери и стручен штаб постигнаа во изминатите две историски сезони. Се договоривме со управата овде да прекинеме, па секој по својот пат“, изјави Де Зерби.

Изминатата недела се зборува дека Де Зерби може да биде тренер на Баерн Минхен, а неговото име се поврзува и со некои италијански клубови.

Неофицијално, Брајтон ќе цели на тренерот на Ипсвич, Киран Мекена. Мекена и Ипсвич сезонава изборија пласман во Премиер лигата.

ПретходноСерафимов погоди во 90 минута и со соиграчите славеше „бронза“, а потоа ВАР му го поништи голот (видео)
СледноПо голема драма: МЗТ Скопје го победи Пелистер и поведе со 1-0 (ФОТО)