Завршија првите полувремиња од шесте средби во последното 33.коло во ПМФЛ. Во Струга во славеничка атмосфера, старо – новиот шампион и Шкупи играат 1:1, Рамани донесе водство за гостите а израмни Шабани.
Шкендија со 0:1 има водство на гости кај Работнички. Интересно е на Маџари каде Вардар со голот на Николовски поведе, но потоа со головите на Даноски и Пурезивскис, Тиквеш направи пресврт за 1:2.
Со истиот резултат води и Македонија ЃП кај Брера, додека Брегалница со 1:0 води против Силекс.
Нема голови само на мечот меѓу Воска и Гостивар.