Челзи во последните години троши огромни суми на трансфери, а последниот потег покажува дека нема намера да застане тука. Фабрицио Романо пишува дека лондонскиот клуб испратил понуда вредна 65 милиони евра за Естевао Вилијан, 17-годишниот крилен напаѓач на бразилски Палмеирас.
Палмеирас претходно ја одби понудата на Челзи од 57 милиони евра (32 фиксни + 25 бонуси), а доколку ја прифатат младиот Бразилец би станал најголемиот заминувачки трансфер на јужноамерикански клуб. Актуелен рекордер е Ендрик, соиграчот на Естева од Палмеирас, чиј трансфер во Реал ќе се случи летово, а неговата вредност со бонуси е 60 милиони евра.
Естевао постигна усмен договор со Челзи пред две недели, а сега се чека одговорот на Палмеирас на последната понуда, според Романо. Младиот крилен напаѓач со години има статус на еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, што го препозна и Најк, со кој Естевао потпиша договор на 10 години, со што стана најмладиот Бразилец со договор во историјата на таа компанија.
Естевао се уште нема преголемо искуство во сениорскиот фудбал. За првиот тим на Палмеирас забележа 17 настапи и постигна три гола. На почетокот на кариерата го споредуваа со Лионел Меси поради што го доби прекарот Месино, но тој нагласи дека повеќе сака да го викаат Естевао.