Како што и официјално објавија од страна на МВР, приведени се лицата кои го каменувале автобусот на навивачите на КК Пелистер, кои патувале од Скопје за Битола по мечот меѓу МЗТ Скопје и Пелистер.
“„На 18.05.2024 во 22.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(35), Љ.П.(35), двајцата од Скопје, Н.А.(21) од Илинден, скопско и В.С.(18) од Петровец, скопско, затоа што каменувале автобус во движење, при што ги оштетиле прозорците. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“, стои во известувањето од МВР.