Невидено: Нанели го нокаутирал Лазаревиќ пред вечерашниот трет меч од АБА финалето (ФОТО)

2050

Од Белград стигнуваат информаци за немили сцени пред вечерашниот трет натпревар од финалето на АБА лигата межу Партизан и Црвена Звезда. Според извештаите од таборот на Црвена звезда, кошаркарот на Партизан, Џејмс Нанели физички го нападнал Стефан Лазаревиќ.

„КК Црвена звезда ја информира јавноста дека во неделата наутро нашиот првотимец Стефан Лазаревиќ се здоби со повреди кои се карактеризираат како „тешки физички повреди“ по физичкиот напад на играчот на КК Партизан, Џејмс Нанели. Инцидентот се случи пред почетокот на утринскиот тренинг на нашиот тим во белградската Арена, а во таа прилика Стефан Лазаревиќ се здоби со повреди кои можете да ги видите на сликите“, се вели во реакцијата на Црвена Звезда.

Од таму најавија дека очекуваат итна реакција на АБА лигата за инцидент кој е невиден во историјата на оваа лига и со вакви последици.

„Овој напад ги надминува сите граници на спорт и нормалност и очекуваме итни реакции од сите одговорни!“

ПретходноОдбојкарите вечерва ја предизвикуваат силната Чешка
СледноПанчев и ја отстапил „Златната копачка“ на Ц. Звезда за да направи реплика за клупскиот музеј