Некогаш стандарден член на Бундес лигата, од идната сезона во аматерски ранг

4519

Возбудлива сезона во Германија во сите рангови на натпреварување, а еден од најпознатите клубови зад себе има сезона за заборав. МСВ Дуизбург и математички испадна од третата лига, па во наредната сезона ќе игра во Регионалните лиги, односо четвртата лига која е аматерска.

Дуизбург со години беше стабилен член на Цвајте, но и долги години играше во Бундес лигата. Севкупно дури 28 сезони помина во најсилната германска лига. На нејзиното основање во сезоната 1963/64 заврши на второто место, а потоа 19 сезони по ред играше во елитата, па испадна во Цвајте. Уште неколку пати се враќаше во најсилната Бундес лига но не се задржуваше премногу.

Последните години клубот се бореше со финансиски проблеми, а тоа се одрази и на играчкиот кадар и со тоа и на резултатите. Последен пат популарните „зебри“ играа во сезоната 2007/08, оваа сезона се сели во Регионална лига.

Дуизбург има четири финалиња во Купот на Германија и три пати бил победник во некогашниот Интертото куп на УЕФА.

ПретходноКаменуван автобусот на “Чкембарите“ на излезот од Скопје
СледноСевиља објави разделба со Санчез Флорес, петти пат менува тренер за две години