Тевез си замина од тренерското место во Индепендиенте

60

Екс-напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус, Карлос Тевез, ја напушти функцијата тренер на аргентински Индепендиенте.

„Карлос Тевез го информираше претседателот на клубот Нестор Гриндети дека одлучил да не продолжи да работи како тренер на тимот“, се вели во официјалното соопштение на клубот.

Тевез го водеше тимот од Авеланеда во летото минатата година. Минатата сезона Индепендиенте заврши на 24. место во аргентинската лига.

ПретходноВерстапен ја доби драмата на „Имола“ за 59. триумф во кариерата
СледноФоден уште во 2. минута носи шампионско водство за Манчестер Сити (ВИДЕО)