Чешка пресилна за нашите одбојкари, втор пораз во Златната лига

133

Машката одбојкарска репрезентација го претрпе и вториот пораз во новото издание на Европската Златна лига 2024. Вечерва во Струмица избраниците на селекторот Наковски беа совладаниво максимални три сета од селекцијата на Чешка, која покажа дека во моментов има многу поквалитетен ростер од овој со кој располага нашата селекција.

Во сите три сета Черсите беа видливо доминантни. Во првиот уште на стартот направија предност од 8:3, па потоа лесно го привршија сетот до 25:16. Во вториот сет добро се држевме на почетокот, но падот во играта стигна кон средината кога Чешка се одлепи на 16:11 за со конечкни 25:15 дојде до до 2:0.

Ништо поразлично не беше и во завршниот трет сет. Чесите поведоа со 8:4, на средина стигнаа со предност од 16:11, за на крај да дојдат до 3:0 со убедливи 25:16.

Никола Ѓоргиев со 14 поени беше најдобар поентер кај нас, додека кај Чешка, Индра заврши со 19 поени.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноМангупите на Лазаров испратија силна порака (ФОТО)
СледноВаран се враќа во својот матичен клуб