И официјално Беса е првак во ВМФЛ, и со тоа се здоби со право во наредната сезона да игра во нашата елитна лига, што секако дека е историски успех за клубот од Добри Дол.
Денеска во Прилеп, откако ја декласира Победа со 1:5 и ја “прати“ во бараж за опстанок во ВМФЛ, Беса од ФФМ го доби и шампионскиот пехар за триумфот во оваа конкуренција.
Се разбира дека радоста беше голема и еуфорична, но и заслужена.