Верстапен ја доби драмата на „Имола“ за 59. триумф во кариерата

153

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, триумфираше на трката за Големата награда на Реџо Емилија, седма трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Холанѓанецот ја забележа третата победа на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола и воедно петта сезонава, за 59. триумф во кариерата.

Најблиску до Верстапен беше Ландо Норис со Мекларен, кој направи драма во финишот, за на крајот, сепак, за една секунда да остане зад Макс на второто место. На подиумот пласман овезведи и возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Холанѓанецот водеше од почетокoт до крај и решително одговори на заканата што Мекларен ја претставуваше во текот на целиот викенд. На крајот од трката, Норис се затвори пред Холанѓанецот во борбата за победа, но трикратниот светски шампион успеа да дојде до победа.

ПретходноКејн стана најдобар стрелец во Бундеслигата во својата дебитантска сезона
СледноТевез си замина од тренерското место во Индепендиенте