Готово е: Фоден маестрален, Пеп и Сити со нова титула во ПЛ! (ВИДЕО)

164

Зарем некој мислеше дека ќе има драма или пак Пеп Гвардиола и неговиот Манчестер Сити ќе кикснат дома и тоа во најважниот меч сезонава, во последниот меч во сезоната, меч кој носи титула?

Сити успеа со 3:1 да го победи Вест Хем и да дојде до нова титула во Премиерлигата, четврта во низа, нешто што досега никој не го направил од кога постои таа.

Фоден со два гола во 2. и 18.минута, стрелец беше и Родри, додека Кудус успеа само да намали на 2:1.

Арсенал се надеваше на сензација на „Етихад“, но ништо од тоа, а составот на Микел Артета дома го победи Евертон со 2:1, но недоволно за титула.

Со тоа “точиите“ и оваа сезона ја завршија како втори.

No description available.

No description available.

ПретходноИстражување: Кој е фудбалерот кој имаше најголемо влијание во успехот на својот тим сезонава?
СледноВМФЛ: Тетекс испадна во Трета лига, Победа преку бараж ќе се спасува!