Далас со пресврт во финишот до финале на Западот, Дончиќ заврши со трипл-дабл

1761

Кошаркарите на Далас Маверикс го победија на свој терен Оклахома Сити Тандерс со 117:116 во шестиот меч од полуфиналната серија и со вкупен резултат 4:2 се пласираа во финалето на Западот. Се беше решено во последните секунди, Оклахома имаше +1 на само 2,1 секунда до крајот. Сепак, Гилџес-Александер го фаулираше Пи Џеј Вошингтон кој погоди две слободни фрлања и стави точка на оваа серија. Инаку, Оклахома водеше со +16 на полувреме, сепак, играчите на Денвер собраа сили за пресврт. Интересно, Далас само три минути и шест секунди имаше водство во текот на шестиот меч, а Оклахома имаше водство дури 42 минути и 16 секунди.
И овојпат најзаслужни за победата беа словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, како и неверојатниот Кајри Ирвинг.
Дончиќ постигна 29 поени, имаше и 10 скокови и 10 асистенции, а Ирвинг постигна 22 поени. На другата страна Канаѓанецот Шај Гилџес-Александер со 36 поени.
Па така Далас за титулата на Западот ќе се бори со подобриот од мечот меѓу Денвер и Минесота. Во таа серија ќе се одигра седмиот меч.

ПретходноУсик по 12 чисти рунди го победи Фјури и стана апсолутен шампион на светот
СледноКаменуван автобусот на “Чкембарите“ на излезот од Скопје