Љупчо Дориев уште еднаш покажа дека е во супер голгетерска форма, иако неговата Согдиана на гостувањето кај ОКМК во рамките на 8.коло во првенството на Узбекистан, загуби со 5:3.
Македонскиот интернациналец успеа да постигне два убави гола во 21.минута и во 72.минута за 2:3, а во 25.минута му беше поништен гол од страна на ВАР поради офсајд.
Штета што блескавата игра на Дориев не беше ефектуирана во добар резултат за неговата Согдиана.
Инаку по ова коло Македонецот е на второто место на листата на стрелците со 5 голови.