И во третиот меч подобри од Партизан: Титулата во АБА за Ц. Звезда!

165

Готово е. Ц. Звезда успеа да дојде до пехарот во АБА лигата откако вечерва во еден тензичен меч на “гости“ кај Партизан успеа да слави со 76:82. Со оваа победа “црвено – белите“ го декласираа својот ривал во финалната серија со 3:0 и апсолутно заслужено славеа.

Во оваа финална серија Ц. Звезда покажа и докажа дека е подобра од својот ривал, дека знае и пред 20.000 фанови на Партизан да победи, да одигра најдобро кога треба и со тоа да ја врати во свој посед титулата во ова натпреварување.

Момците на Жељко Обрадовиќ колку и да сакаа, колку и да се трудеа, сепак едноставно не можеа. Инаку како и секогаш кога играат овие две екипи, и вечерва беше доста тензично, на моменти натпреварот беше прекинат поради фрлање на предмети на теренот.

Аврамовиќ со 17 поени беше најефикасен на средбата, но и тоа не беше доволно за Партизан, додека кај победничкиот тим Митровиќ беше најдобар стрелец со 12 поени.

ПретходноВаран се враќа во својот матичен клуб
СледноБеса го доби шампионскиот пехар среде Прилеп! (ФОТО)