Кире Лазаров: Горд сум на овие момци, победивме екстра силна екипа!

846

РК Алкалоид во финалето на Купот на Македонија успеа во една невидена драма, по подобро изведување на седмерците да го победи Е.Пелистер и да го освои првиот трофеј во својата клупска историја.

Секако дека по мечот стратегот на победничкиот тим Кире Лазаров, беше задоволен и среќен, но и со пиетет говореше за противникот, секако како голем спортсмен:

Сакам да им честитам на Е. Пелистер за фер и коректниот меч. Победивме една екстра квалитетна екипа со екстра добри поединци. Посебно сум горд на моите играчи, и за денес и против Вардар. Пред мечот реков дека сме аутсајдери, но ја чувствував екипата дека оди во нагорна линија, имаме самодоверба, ние сме екипа која во секој момент знае што треба да прави и како да се однесува. Имаше моменти на кои затаивме, но сепак ова се многу млади македонски играчи. Горд сум на цела екипа на залагањето, пожртвуваноста, за начинот на верба и самодоверба. Да се победи еден Вардар а потоа и Е. Пелистер е навистина тешко, но во Куповите секаде во светот во било кој спорт имало изненадување. Да, ние го изненадивме Е.Пелистер, но и ние заслуживме да победиме, одигравме навистина добро“ посочи Лазаров.

Инаку тој не криеше дека ова е по малку и неочекуван успех за сите во клубот:

Ми се чини дека рано дојде овој успех. Од една страна сум среќен, од друга сум внимателен, важно е дека нашите деца напредуваат, тоа е најважно. Секој меч е различен. Секогаш велам чиста глава, психологија, ментално да сме силни. Тактиката е само насока а другото е се на играчите“заврши Лазаров.

ПретходноКузмановски: Криво ми е за Битола, но ветувам дека во мечот за титулата ќе го видат вистинскиот Пелистер
СледноСлавје во Милано: Интер со шампионскиот пехар! (ФОТО+ВИДЕО)