Куп на Македонија: Алкалоид и Пелистер по историја!

779

Денеска е последниот ден од Купот на Македонија. Во СЦ „Борис Трајковски“ ќе ги добиеме имињата на освојувачите на пехарите и во женска и во машка конкуренција.

Овој возбудлив финален ден ќе го отворат дамите, за пехарот ќе се борат ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Чаир, дуелот е закажан во 16 часот.

Ѓорче Петров е најтрофејниот ѓенски тим, има 16 титули во Купот на Македонија, последниот го освои во 2009 година, па после долго време „лавиците“ ќе можат да дојдат до двојната круна. На другата страна Чаир за првпат ќе игра финале во Купот на Македонија, иако оваа сезона беа двапати порази од конкурентот за пехарот, сепак ваквите мечеви секогаш даваат надеж дека чудата се возможни.

Во центарот на вниманието секако е машкото финале. Пелистер и Алкалоид ќе се борат за првиот пехар во ова натпреварување. Битолчани се огромни фаворити, но за да стигнат до круната мора да одиграат многу подобро од дуелот со Тиквеш, имаа ден повеќе за одмор од Алкалоид.

На другата страна избраниците на Кирил Лазаров покажаа зошто е важно да се вложува во еден млад тим и да се создава македонски производ, а истовремено да се има трпение во процесот на созревање.

Предводени од македонскиот бомбардер на клупата, младите ракометари на Алкалоид го победија Вардар 1961 и со пласманот во финалето испришаа нова клупска историја. Во пресметката влегуваат како аутсајдери, но подготвени се да ја казнат секоја грешка на противникот, особено да го искористат моментот доколку бидат потценети.

Мечот е закажан за 19 часот, а билетите за финалето се продаваат по цена од 200 денари.

 

ПретходноМитревски со 11 одбрани му донесе победа на Порто
СледноВМФЛ: Победа, Осогово, Тетекс, Саса…кој ќе испадне а кој ќе игра бараж?