МВР ги приведе лицата кои го каменувале автобусот на “Чкембари“!

183

Како што и официјално објавија од страна на МВР, приведени се лицата кои го каменувале автобусот на навивачите на КК Пелистер, кои патувале од Скопје за Битола по мечот меѓу МЗТ Скопје и Пелистер.

На 18.05.2024 во 22.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(35), Љ.П.(35), двајцата од Скопје, Н.А.(21) од Илинден, скопско и В.С.(18) од Петровец, скопско, затоа што каменувале автобус во движење, при што ги оштетиле прозорците. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“, стои во известувањето од МВР.

ПретходноНено двоцифрен, но Уникс К. претрпе катастрофа кај Локомотив
СледноЖРК Ѓорче Петров после 15 години повторно го освои Купот на Македонија (ФОТО)