Македонскиот голман Никола Митревски забележа 11 одбрани во победата на Порто против Брага во плеј-офот за титулата во португалскиот шампионат. Порто има „пет од пет“ во трката за титулата.
Порто славеше со 34-25, а Митревски имаше 11 од 24 одбрани. Со тоа нашиот голман покажа одлична форма пред дербито со Спортинг кое веројатно ќе биде одлучувачко за титулата и ќе се игра на 25 мај.