Одбојкарите вечерва ја предизвикуваат силната Чешка

166

Поразот од селекцијата на Естонија (1:3) во премиерата на новото издание на Европската Златната лига 2024, за нашите одбојкри треба да биде само дополнителен мотив вечерва во салата „Парк“ во Струмица (20.15 ч.) на дуелот со уште поквалитетната селекција на Чешка да покажеме уште подобра игра. Новата генерација предводена од новиот селектор Наковски и вечерва има задача да потврди дека во овој состав полека треба да подготвуваме тим кој во август ќе се бори за ново учество на завршниците на Европските првенства.

„Искрено ме радува начинот на кој игравме против селекцијата на Естонија. Секако има некои недостатоци кои мора да ги подобриме. Знаеме на што треба да поработиме. Мечот со Чешка ќе бид емногу тежок, но ние мора да гледаме напред. Чешка е секако можеби и ново погоре од Естонија, но останува да се бориме, ќе дадеме максимум и секако ова да го искористиме како добро воигрување за квалификациите во август. Секако ќе направиме се ако може да ги израдуваме навивачите со победа“, вели техничарот на нашиот национален тим Ѓорги Ѓоргиев.

Честите вчера во Струмица ја потврдија фаворитската улога против Естонија совладувајќи ја со 3:0 (25:20, 25:22, 25:16).

Standings provided by Sofascore
ПретходноМонтеро привремено на клупата на Јувентус, а клубот го сака Тијаго Мота
СледноНевидено: Нанели го нокаутирал Лазаревиќ пред вечерашниот трет меч од АБА финалето (ФОТО)