Купот на Македонија е натпреварување каде нема фаворити, ова на своја кожа добро го почувствува Пелистер, по изведување на пенали беше совладан од Алкалоид и остана без пехарот за кој сонува долго време.
„Честитки до Алкалоид одиграа над своите можности. Бевме поискусни, но не го покажавме тоа на терен. Катастрофално отворивме, имавме многу осцилации, поведовме во второто полувреме, повторно влеговме во црна дупка, дуелот влезе во неизвесна завршница. Мечот влезе во пенал серија. Нека биде ова мотивација за сите“, изјави Пешевски кој мечот го заврши со седум гола.