И оваа година како и минатите дојде до физичка пресметка на родители и тренери од една со родители од друга екипа на детската лига во Скопје која се игра на терените во ФФМ.
Во текот на вчерашниот ден настанал хаос, кога тренер од еден тим влегол на терен да дели правда со судиите па на истиот терен влетал родител од противничката екипа.
Родителот бил нападнат од дваесетина други родители на деца од противничката екипа. „Боксови, клоци… пред деца пред толку многу народ.
„Можеше да настрада и некои од децата. Срамота!
Толку многу тензии и нервози за детски фудбал. Полицијата дојде покасно и случајот е регистриран но не онака каков што навистина беше, а беше страшно!“, ни потврди поранешен репрезентативец на нашата земја кој бил на трибините во моментот на тепачката.
Да потсетиме дека и лани имаше лоша тепачка и дека постојано истите лица ги прават истите скандали. Не е само јасно како може да нема обезбедување на ваквите натпревари кои собираат 2000 до 3000 гледачи.
Сепак ова е Македонија па тука дури и кога играа деца треба некој да се грижи за јавниот ред и мир. Во исчекување на извештајот од полицијата…