Понеделник е ден на одлука: Лапорта закажал состанок со Чави

78

Иднината на Чави во Барселона ќе стане појасна во понеделник. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта решил да ја прекине соработката со тренерот на крајот на сезоната по неговите изјави за економската ситуација во клубот, и покрај тоа што на 25 април самиот тој на прес-конференција објави дека Чави останува. Клубот ќе мора да плати отштета од 20 милиони евра доколку ги отпушти Чави и неговиот персонал.

Според Мундо Депортиво, на 20 мај е закажан состанок на кој ќе учествуваат Лапорта и Чави, по што ќе стане јасно дали претседателот ќе му врачи отказ. На состанокот се очекува да присуствуваат и спортскиот директор Деко и веројатно Алехандро Ечеварија, доверлив човек на сите тројца.

Клубот смета дека отказот на Чави поради изразување на сопственото мислење ќе биде тешко да се објасни.

ПретходноАјнтрахт не го откупува Ван де Бек, го враќа на „Олд Трафорд“
СледноФранцускиот дефанзивец шокиран: Мурињо ми кажа дека сум ѓубре во Челзи