Севиља објави разделба со Санчез Флорес, петти пат менува тренер за две години

159

Севиља е во потрага по шестиот тренер за неполни две години откако објави дека Кике Санчез Флорес ќе го напушти клубот по завршување на сезоната. Санчез Флорес дојде во андалузискиот клуб во декември на местото на Диего Алонсо, а покрај лошиот старт на сезоната, успеа да го извади од зоната за испаѓање.

Двете страни се договорија да не го обноват договорот кој истекува во јуни, па така последните мечеви на Санчез Флорес со Севиља ќе бидат против Атлетик Билбао и Барселона.

Неофицијално, се зборува дека актуелниот тренер на Лас Палмас, Гарсија Пимиента ќе седне на „жешката“ клупа на клубот од „Рамон Санчез Писхуан“.

 

ПретходноНекогаш стандарден член на Бундес лигата, од идната сезона во аматерски ранг
СледноПолицијата дојде касно, родители се тепаа на детската лига во Скопје