Откако одигра 1:1 против Лацио пред своите фанови, во рамките на претпоследното 37.коло во Серија А, Интер во славеничка атмосфера го прими пехар за најдобар тим во елитната лига во Италија.
Ова е прва титула на “неро – аѕурите“ под водство на тренерот Симоне Инзаги, со кого оваа сезона беа просто најдобри и без никаква конкуренција. Скудетото беше освоено пред неколку кола а вечерва беше и официјалното крунисување.
🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆#ForzaInter #IM2Stars pic.twitter.com/ekTFlZDSJP
— Inter ⭐⭐ (@Inter) May 19, 2024