Вечерва се одиграа девет меча од 37.коло во Ла Лига, претпоследно за оваа сезона. Столе Димириевски и неговиот Рајо беа убедливи поразени од Барселона на нејзин терен со 3:0. Македонецот колку и да добро бранеше, сепак не можеше ништо повеќе да стори.
Интересно, Виљареал и Реал Мадрид одиграа 4:4, а сите четири голови за домашните беа дело на Сорлот кој за 15 минути просто го „шекна“ клубот од Мадрид.
Осасуна како гостин го декласира Атлетико Мадрид со 1:4.