Фетел се појави со болидот на Сена на патеката во „Имола“ (ФОТО)

170

Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, изведе показни трки во чест на Аиртон Сена и Роланд Раценбергер пред почетокот на трката за Големата награда на Емилија Ромања.

Сена и Раценбергер починаа пред 30 години за време на викендот за Големата награда на Сан Марино во 1994 година, која исто така се одржа во Имола.

Фетел извозе неколку круга во Мекларен МП4/8 на Сена од 1993 година, веејќи го бразилското и австриското знаме. Себ носеше и специјална кацига, од која едната половина е посветена на Аиртон, а другата на Роланд.

ПретходноРојс фраерски се збогува со 80.000 навивачи на Борусија: Последното пиво е од мене!
СледноАјнтрахт не го откупува Ван де Бек, го враќа на „Олд Трафорд“