Беса си направи шампионска фешта со свој пехар иако од ФФМ ќе го добие денеска

2039

Екипата на Беса од гостиварското село Добри Дол со стил ја одигра оваа сезона во второлигашката конкуренција и на убедлив начин избори пласман во елитата за првпат во историјата на клубот. На ден пред официјалниот крај на сезоната Бeса организираше шампионска фешта во Добри Дол каде играчите, стручниот штаб и лицата од клубот заедно со своите пријатели и членови на фамилиите го прославија успехот со навивачите.

Она што е интересно е тоа дека на бината во Добри Дол, фудбалерите на Беса се фотографираа и славеа со пехар и медали кои клубот сам си ги купиле иако официјалниот пехар од ФФМ и медалите ќе ги добијат денеска по одигрувањето на натпреварот со Победа во Прилеп.

Арменд Алими, Изаер Емини, Јасмин Мециновиќ, Христијан Драгарски, Рамадани, Борха и останатите заедно со тререрот Александар Таневски зад себе имаат перфектна сезона без пораз на 24 натпревари во серија, само еден пораз и 74 бодови со кои уште пред две кола го визираа првото место на табелата пред Пелистер.

Сега се денови за славење а од Беса се најавува создавање на можен, скап и конкурентен клуб за наредната сезона која екипата ќе ја игра на стадионот во Гостивар.
Ден по славјето се игра дуелот со Победа во Прилеп, на домашните им гори за опстанок, гостите веќе славеа шампионска титула…

ПретходноЛеверкузен е еден од четирите клубови од Топ 5 лигите кој завршиле сезона без пораз
СледноМитревски со 11 одбрани му донесе победа на Порто