По она што се случуваше вчера на терените на ФФМ во рамките на Детската лига кога родители направија хаос и имаше тепачка, „СпортСпорт“ утринава пишуваше за овој инцидент, а еве сега ви презентираме видео од тепачката.
Не да делува невкусно туку ова е страшно, ова е срамно. Без разлика дали голманот бил виновен или не, дали некој друг претерал во својата желба да дојде до топката или да постигне гол, вакво нешто не смее, а посебно не на детски натпревар, да се случува.
Фудбалот е сериозна работа, но фудбалот пред се е забава а не полигон каде пто родителите со своите фрустрации ќе ги искажуваат своите неостварени амбиции.