ВМФЛ: Тетекс испадна во Трета лига, Победа преку бараж ќе се спасува!

866

Некогашниот гигант, тимот на Тетекс во следната сезона ќе игра во Трета лига. Додека Победа, исто така некогашен гигант на мак – фудбалот преку бараж ќе се обиде да ја избегне судбината на Тетекс.

Ова е епилогот од денешното 30. и последно коло во ВМФЛ. Осогово со 3:0 го победи Пелистер и успеа да избори опстанок во последен момент, додека Саса на свој терен со 5:3 го победи Вардар (Н) и исто така успеа да се спаси.

Тетекс на гости беше поразен од Башкими со 1:0, додека Беса за разлика од Пелистер, среде Прилеп покажа кој е кој славеше над Победа и ја испрати во бараж. Караорман уште пред некое коло ги загуби сите шанси и тој тим испадна од лигата.

Со ова заврши сезоната во ВМФЛ, одамна се знаеше дека Беса и Пелистер следната сезона ќе играат во елитата а Детонит ќе игра бараж со Вардар за пласман во ПМФЛ.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 30.КОЛО

Охрид – Кожув 2:0

Башкими – Тетекс 1:0

Беласица – Арсими 2:1

Детонит – Караорман 2:0

Саса – Вардар (Н) 5:3

Новаци – Скопје 2:1

Осогово – Пелистер 3:0

Победа – Беса 1:5

ПретходноГотово е: Фоден маестрален, Пеп и Сити со нова титула во ПЛ! (ВИДЕО)
СледноАлекс со нов гол за Хајдук!