Галевски: Ништо не е случајно, го заслуживме Куп трофејот

134

Иван Галевски е момчето кое остави „белег“ на фајнл-фор завршницата во Купот на Македонија. 19-годишниот голман на Алкалоид, прво му фати пенал на Вардар и го однесе својот тим во финалето, а вечерва беше клучен во пенал серијата. На крајот сосема заслужено беше прогласен за најдобар голман.

„Нормално е да имаме осцилации, ние сме млада екипа. Останавме максимално сконцентирани, бевме стабилни, тоа беше клучно“, беше првиот коментар на Галевски, кој вели дека се подготвувале и за вакво сценарио:

„Знаевме дека не очекува неизвесен натпревар бидејќи Пелистер е добра и квалитетна екипа. Среќата беше на наша страна, но го заслуживме пехарот, цела година работиме, ништо не е случајно“, рече Галевски.

ПретходноСтоле и Рајо немоќни против Барса, Сорлот со четири гола го “шекна“ Реал Мадрид!
СледноКузмановски: Криво ми е за Битола, но ветувам дека во мечот за титулата ќе го видат вистинскиот Пелистер