Екипата на ЖРК Ѓорче Петров го освои пехарот во Купот на Македонија во женска конкуренција, откако во финалето славеше против ЖРК Чаир со 36-24 (19-14). За „лавиците“ ако се земат оние претходни пехари на Кометал Ѓорче Петров е 17-ти, додека прв после 2009 година.
МВП признанието и припадна на Марија Јанкуловска од екипата на ЖРК Ѓорче Петров.
Ленора Рахмани од ЖРК Чаир е прогласена за најдобар стрелец, додека пак за најдобра голманка беше прогласена Магдалена Којовиќ исто од ЖРК Чаир.