Готово е. Ц. Звезда успеа да дојде до пехарот во АБА лигата откако вечерва во еден тензичен меч на “гости“ кај Партизан успеа да слави со 76:82. Со оваа победа “црвено – белите“ го декласираа својот ривал во финалната серија со 3:0 и апсолутно заслужено славеа.
Во оваа финална серија Ц. Звезда покажа и докажа дека е подобра од својот ривал, дека знае и пред 20.000 фанови на Партизан да победи, да одигра најдобро кога треба и со тоа да ја врати во свој посед титулата во ова натпреварување.
Момците на Жељко Обрадовиќ колку и да сакаа, колку и да се трудеа, сепак едноставно не можеа. Инаку како и секогаш кога играат овие две екипи, и вечерва беше доста тензично, на моменти натпреварот беше прекинат поради фрлање на предмети на теренот.
Аврамовиќ со 17 поени беше најефикасен на средбата, но и тоа не беше доволно за Партизан, додека кај победничкиот тим Митровиќ беше најдобар стрелец со 12 поени.