Изнервиран од бескрајните „флертувања“ на претседателот на Наполи, Де Лаурентис со бројни тренери, Антонио Конте ги прекинал разговорите со првиот човек на наполитанците. Како што објави весникот „Ла Република“, Конте нема да биде менаџер на Наполи во сезоната 2024/25.
Конте реши да го прекине овој ќорсокак во кој влегоа во преговорите со Де Лаурентис, бидејќи претседателот на Наполи ја оддолговлекува кончената одлука и потпишувањето на договорот со него.
Она што му пречи на Конте е токму „кастингот“ кој си го прави првиот човек на наполитанците, наводно оценувајќи ги шансите за ангажман и на Џан Пјеро Гасперини и на Стефано Пиоли.
Конте нема намера повеќе да ги чека потезите на сопственикот на Наполи и ги прекинува преговорите.