Серафимов: Не стававме многу работи на срце, напорно работевме!

133

Алкалоид испиша клупска историја, во своите витрини веќе го има првиот пехар. Момците од Автокоманда го освоија Купот на Македонија откако во финалето по изведување на пенали го победија Пелистер, а претходно во полуфиналето го совладаа и Вардар 1961.

Ако ги прашате ракометарите во „сино-белиот“ дрес, според нив ништо не е случајно, пехарот е плод на напорната работа, не само оваа сезона, туку од моментот кога дојдоа во Алкалоид. Одиграа стабилно, делуваа посигурно од своите поискусни противници, веруваа дека можат да ги достигнат височините.

„Среќен сум што го освоивме Купот. Ова е благодарение на тимскиот труд, сите дадовме се од себе, сите го дадовме максимумот и на крајот заврши како што заврши – во наша корист. Не стававме многу работи на срце, трениравме напорно и работевме. Многу сум среќен што сето тоа го пресликавме на терен. Очекувавме тесни натпревари, но верувавме дека можеме да победиме. Гледавме како наша шанса, момент кој моравме да го зграпчиме, успеавме во тоа“, изјави Серафимов.

Викендот што доаѓа продолжува плеј-офот во Супер-лигата, Алкалоид игра со Бутел Скопје, додека во последното коло му гостува на Пелистер.

ПретходноМала промена кај судиите за финалето на Купот: Качевски ќе биде четврти а Пилешков оди во ВАР собата!
СледноНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА