ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Јетон Беќири (Шкендија)

142

На Шкендија и требаше победа над досега непобедливиот Работнички во последното коло за да излезе во Европа. И тоа го направи, тетовци славеа со 0:2 на гостувањето на Арената во Скопје и ова лето ќе играат во Европа. Токму затоа Јетон Беќири е тренер на колото според “СпортСпорт“. Тој не успеа да ја донесе титулата под Шара, но и излезот во Европа секако дека е успех ако се знае дека за конкуренција го имаше тимот на Шкупи.

Се можеше да биде поинаку ако минатиот викенд на свој терен тетовци не ја упропастија златната шанса, со победа над Струга ТЛ, да дојдат до шампинскиот пехар.

ПретходноСтрашно: Пукано во фудбалери на Марсеј!
СледноИ официјално: Ливерпул го потврди Арне Слот за нов тренер