Се поголема е веројатноста Јувентус на крајот на сезонава да остане без еден од своите стартери во дефанзивната линија, Бразилецот Бремер. За одбранбениот играч на „Старата Дама“ има сериозен интерес од англиските гиганти, во прв ред Манчестер Ј. и Челзи.
„Црвените ѓаволи“ одамна се поврзуваат со трансфер на дефанзивецот, а извештаите велат дека тие оваа недела ќе ја достават првата понуда за репрезентативецот на Бразил.
„Тутоспорт“, пак, објави дека лондонски Челзи сега се вклучил во трката за поранешниот играч од Торино. Тие веќе имале прв контакт со агентот на фудбалерот.
Јуве сака да ја задржи бразилската ѕвезда во тимот, но прашање е дали би можеле да бидат принудени да го продаде во зависност од понудите што ќе пристигнат за него.