Некогашниот македонски младински фудбалски репрезентативец Давид Тошевски викендов, го постигна третиот гол сезонава за својот тим Шибеник. Тој погоди во мрежата на Вуковар за конечни 2:1, и на тој начин донесе три бода во финишот на сезоната.
Тошевски пристигна во Шибеник зимава и полека но ситугно ја постигнува посакуваната форма. Тој инаку игра како позајмен фудбалер од австрискиот тим Клагенфурт.