Германецот Александар Зверев ја освои титулата на Мастерсот во Рим. Шампионот од 2017 година и моментно светски рекет број 3, во финалето го победи Николас Жари од Чиле со 6:4, 7:5.
За Зверев ова е шести трофеј во кариерата на турнирите од серијата Мастерс 1000. Со оваа победа олимпискиот шампион Зверев најави дека е подготвен да нападне и на трофејот на Отвореното првенство на Франција кое следната недела започнува во Париз. Германецот има три полуфиналиња на Ролан Гарос, но не стигна до финалето.
Тој ја освои својата прва титула на Мастерсот во Рим во 2017 година и се враќа во врвна форма откако се опорави од тешката повреда на зглобот што ја доживеа во 2022 година.