Изненадувачки имиња: Баерн почна преговори со двајца тренери

1292
ФОТО: FC Bayern Munich

Томас Тухел не ја прифати понудата на Баерн да остане тренер и следната сезона. Раководството на клубот не сакаше да му даде договор до 2026 година, па искусниот специјалист на крајот си ги собра работите и го напушти клубот.

Исто така, голем број тренери одбија да го преземат гигантот од Минхен. Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман, Ралф Рангник, Оливер Гласнер и Роџер Шмит ги одбија понудите од Минхен, па Баварците се уште се во потрага по нов тренер.

Германските медиуми тврдат дека на листата има нови двајца кандидати. Тоа се менаџерот на Брентфорд, Томас Френк и менаџерот на Барнли, Винсент Компани.

50-годишниот Томас Френк е на клупата на Брентфорд од 2018 година. Тој го донесе тимот во Премиер-лигата и врши исклучително добра работа. Во текот на својата тренерска кариера го водеше данскиот гигант Брондби, и младинската селекција на Данска.

За разлика од него, Винсент Компани е многу попознато фудбалско име. Претходните две години раководеше со Барнли, а работеше и како тренер на Андерлехт.

Секако, легендарниот Белгиец е многу попознат по својата одлична фудбалска кариера. Со години играше за Манчестер Сити, а играше и за Андерлехт и ХСВ.

Дали некој од овие двајца ќе го преземе Баерн ќе видиме во наредните денови. Преговорите се во тек, но потребно е зелено светло од раководството на клубот, кое не беше многу успешно во преговорите претходните денови.

ПретходноСлучајот Чави ќе добие целосна разврска за една недела
СледноОвој викенд се одржаа пет турнири во Берово за младите играчи од Македонија