Клоп: Гвардиола е најдобриот тренер во светот!

390

Јирген Клоп и Пеп Гвардиола ги врзува големо пријателство, респект. Германецот во изминатиот дел од кариерата има 12:11 во победи над Пеп во меѓусебните дуели, но затоа Каталонецот има освоено повеќе пехари. Последниот го освои вчера во ПЛ.

Откако Пеп на прес речиси низ солзи истакна колку го почитува Клоп, за Германецот нема дилеми кој е најдобриот тренер во светот:

Пеп е најдобриот тренер во светот. Ставете било кој тренер на клупата на Сити нема да освои четири титули во низа во Премиерлигата како што тоа го направи Гвардиола“ изјави сега веќе некогашниот тренер на Ливерпул.

ПретходноСалиба го урна рекордот на Премиер лигата по бројот на одиграни минути во една сезона
СледноСлучајот Чави ќе добие целосна разврска за една недела