„Лозари“ со порака: Ајде кавадарчани Скопје да го стресиме, титула дома да донесиме! (ВИДЕО)

1742

Кавадарци и дефинитивно е на нозе. Сите со нетрпение очекуваат среда да дојде, кога ќе следува вистинска инвазија врз Скопје од околу 5.000 фанови на Тиквеш од Кавадарци. Поводот е финалето на Купот на Македонија кое се игра на 22 мај (среда) на Арената во Скопје.

Ова е историски ден за сите во Кавадарци. Во случај на победа над Воска во финалето не само што ќе се освои првиот пехар во клупстката историја туку и за првпат кавадарчани ќе излезат во Европа,.

Токму затоа “Лозари“, верната навивачка група на Тиквеш излезе со промотивно видео и со специјална порака:

Ајде кавадарчани Скопје да го стресиме, титула дома да донесеме“.

ПретходноНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА
СледноФОТО НА КОЛОТО: Шампионите од Струга!